Ракометарките на Спартак имаа најубедлив старт во новата сезона од женската пионерска конкуренција и славеа во првото коло против Јехона со 23-5. Катарина Ракиќ го предводеше домашниот тим до победа со 12 гола, а Јана Илиевска постигна пет погодоци.
Струга оствари убедлива победа против штипски Астибо со 21-11. Најдобра во победничката екипа беше Елена Ѓонеска со седум погодоци, а исто толку за штипскиот состав даде Сандра Донева.
Андреа Велковска со десет гола беше најзаслужна за триумфот на Илинден Вардар над Делчево Вардар со 27-18, а пет пати за гостите беше прецизна Александра Ѓеоргиевска.
Најинтересно беше на пресметката меѓу Вардар и Атлетик, која ја добија домашните со 15-14. Домаќинките имаа сигурно водство, водеа во повеќе наврати со по пет гола, но упорните гостинки најпрво израмнија на 13-13, а потоа и на 14-14.
Стрелец на победничкиот погодок за избраничките на Викторија Трајкоска беше Блажевска на дваесетина секунди до крајот, а Атлетик не успеа да израмни. Најдобри стрелци на теренот беа Ивана Вељаноска кај Вардар со осум гола и Катја Маркоска кај Атлетик со седум гола.
Бранителот на титулата од минатата сезона, Ѓорче Петров, не пријави екипа за оваа сезона во оваа генерација ракометарки.
Пионерки, 1 коло, резултати:
Илинден Вардар – Делчево Вардар 27-18
Спартак – Јехона 23-5
Струга – Астибо 21-11
Вардар – Атлетик 15-14

























