Браќата Илиевски ќе го судат дербито во Охрид

Во „Билјанини Извори“ ќе се сретнат четвртопласираниот Охрид и второпласираниот тим од Автокоманда. Познати се судиските двојки за сите натпревари од шестото коло.

Михајло и Методија Илиевски ќе ја делат правдата на дербито меѓу Охрид и тимот од Автокоманда во шестото коло од Супер машката лига. Натпреварот се игра в сабота, 10 октомври, од 18,30 часот во салата „Билјанини Извори“.

По пет одиграни кола, сино-белите од Автокоманда се втори со десет бода и пет победи, додека Охрид е четврти со седум бода. За делегати на дербито се одредени Марјан Начевски и Славчо Каланоски.

Шестото коло ќе почне в петок во Битола, а останатите пет натпревари се закажани за сабота. Судиите за сите средби се:

9 октомври, 17,30:
Еурофарм Пелистер – Куманово: Марија Илиева и Силвана Карбеска
10 октомври, 17: Младост 1977 – Еурофарм Пелистер 2: Иван Илиевски и Александар Шукоски
10 октомври, 18: Тиквеш – Мулти Есенс: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски
10 октомври, 18: Бутел Скопје – Прилеп: Исмаил Металари и Ненад Николовски
10 октомври, 18,30: Охрид – Алкалоид: Михајло Илиевски и Методија Илиевски
10 октомври, 18,30: Струга – Вардар: Виктор Андонов и Спаско Каев