Херојот на Ла Риоха пак блесна – но Гумерсбах славеше, втори победи за Фленсбург, Слован…

По шокантниот пораз од Вибжеже Гдањск во првото коло, ракометарите на Гумерсбах ја запишаа првата победа во Лигата на Европа, откако славеа на гостински терен кај Ла Риоха со 34-30.

Херојот на Ла Риоха од мечот во Битола, голманот Хоан Ледо, одново блескаше на голот на шпанскиот тим со 18 одбрани, домашните беа во егал со бундеслигашот во голем дел од мечот .

Гостите останаа без Алекс Душебаев кој доби црвен картон уште по три минути, а во финишот и без Степан Земан, кој исто така поцрвене во финишот. Гумерсбах по водството со 24-23, даде два гола во серија отиде на плус три во последните десетина минути и до крајот не ја испушти залихата.

Најдобри стрелци во Гумерсбах беа Рогановиќ и Кодрин со по седум погодоци, додека Дантино даде шест за Ла Риоха.

Втори победи запишаа норвешкиот Елверум, францускиот Лимож, швајцарскиот Кадетен, германските Бергишер и Фленсбург, шпанската Торелавега, данскиот Холстебро и словенечкиот Слован…па направија голем чекор кон елиминациите и првите две места во групата.

Лига на Европа, 2 коло, резултати:

група А
Хамарби – Нексе 30-28
Сен Рафаел – Елверум 32-36

група Б
Хафнарфјордур – Лимож 33-46
Маритимо – Бидасоа 40-32

група Ц
Кадетен Шафхаузен – Извиѓач Љубушки 42-30
ЧСМ Букурешт – Шамбери 25-33

група Д
Сесвете – Татран Прешов 36-36
Бергишер – Савехоф 29-25

група Е
Агуаш Санташ – Фленсбург 22-36
Гранољерс – Бузау 37-31

група Ф
Торелавега – Карвина 33-32
Холстебро – Бенфика 32-31

група Г
Вибжеже Гдањск – Еурофарм Пелистер 31-31
Ла Риоха – Гумерсбах 30-34

група Х
Слован Љубљана – Валур 34-29
Морс – Татабања 35-33