Пелистерци без Хенигман и против Гумерсбах

Еден од столбовите на одбраната на Еурофарм Пелистер, Ник Хенигман, ќе остане надвор од комбинација и за третиот меч на битолчани во Лигата на Европа.

Tој доби црвен и син картон на првиот меч против шпанската Ла Риоха, па доби суспензија од ЕХФ од два меча.

Словенечкит лев бек веќе го пропушти двобојот во Полска кај Вибжеже Гдањск, а нема да заигра на 13 октомври кај Гумерсбах.

Хенигман ќе може да се врати во составот за втората пресметка со бундеслигашот што е закажана по репрезентативната пауза во Битола на 17 ноември.