Тимот на Сасари, каде што игра македонскиот интернационалец Томче Стојановски, запиша нов триумф во италијанскиот шампионат.
Сасари на домашен терен беше подобар од Хаена со 37-23, откако и на паузата имаа плус десет, 18-8.
Стојановски беше меѓу најдобрите стрелци и постигна четири погодоци, а стандардно си ја одработи својата задача и во одбраната.
Следен предизвик за Стојановски и Сасари ќе биде гостувањето кај Пресано, а по пет кола тимот на Македонецот има пет победи.
























