Ракометарките на Вардар загубија со 36-25 од италијанскиот Бриксен во реванш натпреварот од второто коло и се елиминирани од ЕХФ Европскиот Куп.
По поразот на вчерашниот натпревар со 32-29, вардарки тргнаа добро на оваа средба, беа во егал до 26 минута, кога беше 15-14 за Бриксен, но тогаш еден голем пад во играта.
Тоа го искористија домаќинките, особено Словенката Ника Матавж, која врза два гола, потоа исклучена беше и Тодоровска, па Бриксен го искористи тоа за убедлива предност на паузата, 19-14.
Без голманска поддршка во текот на целиот меч, Вардар неммаа сили за камбек во вториот дел и на крајот домашните со убедлива победа се пласираа во третото коло во ЕХФ Европскиот Куп.
Најдобри стрелци во македонскиот тим беа Трифуноска и Тодоровска, додека кај Бриксен незапирлива беше Лукарини со 12 гола.

























