Божиновски и Начевски со нов предизвик во ЛЕ – ќе делат правда во Љубљана

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреваритe од второто коло во Лигата на Европа.

Македонската двојка Даниело Божиновски и Виктор Начевски доби задача од европската куќа на ракометот и ќе патува во Љубљана.

Тие ќе ја делат правдата на пресметката меѓу Слован Љубљана и исландскиот Валур, две екипи што запишаа победи во првата рунда.

Овој натпревар на кој делегат е Словакот Дворски ќе се одигра утре во салата „Тиволи“ во Љубљана од 18:45 часот.