Преспа слави прв триумф – совладан Шампион

По двата порази од Текстилец дома и од Партизан Гевгелија на гостински терен, ракометарите на Преспа го прославија првиот триумф во новата сезона од прволигашката конкуренција.

Преспа во Ресен го совлада составот на Шампион со убедливи 30-17, откако и на полувремето водеше со 13-7.

Отворија домашните со 4-0 и полека ја создаваа предноста, која не ја испуштија до крајот и не му дозволија на противникот да помисли на ненаков камбек.

На седум минути до крајот беше 24-17, а оттогаш Преспа погоди уште шест пати, гостите ниту еднаш и ресенчани славеа убедлив триумф.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Томче Трајчевски со шест и Иван Костовски со пет погодоци, додека кај Шампион, Филип Спирковски постигна пет гола.