Прилеп го претрпе најубедливиот пораз во досегашниот дел од сезоната, откако на гостувањето кај Охрид беше совладан со 34-18.
Тренерот Наум Танески призна дека неговата екипа немала доволно сили и широка ротација за да му парира на квалитетниот домаќин.
„Тешката недела покажа дека немаме доволно широка ротација за натпревар против една ваква квалитетна екипа. Физички паднавме, а Охрид го искористи тоа, ја градеше предноста и постојано ја зголемуваше. Нивниот голман беше феноменален, ние промашивме многу удари, тој забележа голем број одбрани и разликата продолжи да расте“, изјави Танески.
И покрај високиот пораз, стратегот на прилепчани потенцира дека амбициите на екипата остануваат непроменети. Главна цел е место меѓу шесте најдобри и настап во плејофот.
„Четирите екипи на врвот се навистина квалитетни. Ние сме концентрирани на ривалите од петтото место надолу. Следен ни е натпреварот со Струга и работиме за да го добиеме, а потоа на домашен терен го пречекуваме Бутел. Го бркаме плеј-офот и тоа е нашата цел“, заврши Танески.
▶▶▶ Приклучи се на VIBER – https://abit.ly/viber-24rakomet
Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ на твојот мобилен телефон 📲.
Со еден клик до сите вести. 🤾

























