Марковиќ: Имаме многу простор за напредок, вистинските резултати ќе ги видиме во октомври

Македонската женска репрезентација со победа над Србија, 29-21 го започна настапот на „Трофеј Македонија“ во Охрид. Новиот селектор Игор Марковиќ беше задоволен од борбеноста на ракометарките, но нагласи дека тимот има уште многу простор за напредок.

Македонија прикажа цврста одбрана и агресивен пристап, а Марковиќ очекува играта дополнително да се подобри откако репрезентативките ќе поминат повеќе време заедно.

„Најпрво би ѝ честитал на репрезентацијата на Србија за фер и коректната игра. Тие дојдоа во подмладен состав, а ние мораме да бидеме трпеливи. Имаме многу простор за напредок во нашата игра. Сигурно ќе разговараме и ќе анализираме сè што се случуваше на теренот“, изјави Марковиќ.

Македонската репрезентација ќе има нов собир во октомври, кога селекторот очекува да има повеќе време за работа и за спроведување на неговите идеи.

„Се надевам дека во октомври, кога ќе тренираме малку повеќе заедно, ќе бидеме уште подобри. Тогаш ќе можеме да ги видиме вистинските резултати од целата работа.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 Rakomet (@24rakomet)

Марковиќ ја пофали големата желба и борбеноста на ракометарките, но потенцираше дека има елементи кои треба дополнително да се подобрат и во одбраната и во нападот.

„Прво можам да ја пофалам големата борбеност на екипата, особено во одбраната. Сепак, има многу работи во нашата игра и во одбраната кои можеме да ги поправиме. На тоа ќе работиме откако детално ќе ги анализираме нашата игра и играта на противникот.“

Селекторот на Македонија има подготвено и дополнителни тактички решенија кои не беа целосно искористени на натпреварот против Србија.

„Кога станува збор за нападот, мислам дека мораме уште подобро да ја прифатиме и да ја применуваме идејата со четири бекови. Имаме подготвено и игра седум на шест, која не ја користевме на овој натпревар. Полека ќе го подготвуваме и тоа решение за следните натпревари.“

Следни предизвици за македонските ракометарки ќе бидат дуелите со Црна Гора и Хрватска. Марковиќ е свесен за квалитетот на двете селекции, но очекува Македонија да ги искористи тие натпревари за дополнително напредување.

„Мораме да бидеме реални. Црна Гора и Хрватска во овој момент се многу пред нас. Но, ние ќе продолжиме да работиме и се надевам дека добро ќе ги искористиме тие натпревари. Нашата цел е да одиграме добар меч и да бидеме задоволни од прикажаното, а потоа ќе видиме за што ќе биде доволно тоа“, заврши Марковиќ.

Победнички старт за Марковиќ – Македонија по 18 години се израдува на триумф против Србија

▶▶▶ Приклучи се на VIBER – https://abit.ly/viber-24rakomet
Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ на твојот мобилен телефон
📲.
Со еден клик до сите вести.
🤾