Познати групите за историскиот Мундијал за пионерки

Познати се групите за историското прво Светско првенство за ракометарки до 16 години, откако денеска во Египет беше одржана ждрепката за новото натпреварување на ИХФ.

Вкупно 16 репрезентации, од пет континенти, ќе се борат за трофејот на првиот Мундијал во оваа возрасна категорија. Тимовите се поделени во четири групи со по четири селекции.

Во групата А ќе играат Кина, Мароко, САД и Казахстан, додека групата Б ја сочинуваат Унгарија, Парагвај, Гвинеја и Белорусија.

Германија, Узбекистан, Мексико и Тунис се најдоа во групата Ц, додека во групата Д ќе играат Аргентина, Египет, Швајцарија и Русија.

Групи за СП пионерки:

Група А: Кина, Мароко, САД, Казахстан
Група Б: Унгарија, Парагвај, Гвинеја, Белорусија
Група Ц: Германија, Узбекистан, Мексико, Тунис
Група Д: Аргентина, Египет, Швајцарија, Русија

Новото Светско првенство е дел од планот на ИХФ за дополнително развивање на младинскиот ракомет. Советот на ИХФ донесе одлука бројот на учесници на женското У16 и машкото У17 Светско првенство да биде зголемен од 12 на 16 репрезентации.

Со проширувањето, поголем број млади ракометар(к)и ќе добијат можност да се натпреваруваат на светската сцена и да стекнат искуство на највисоко ниво.