Шампионот Ѓорче Петров ја запиша третата убедлива победа во Супер женската лига, откако славеше против Пелистер со 46-13.
Победникот беше решен уште по седум минути, кога „лавиците“ поведоа со 6-1, а потоа беше и 12-3, па до крајот се броеја само головите.
Во првиот дел шампионот прими шест погодоци, а во второто полувреме битолчанки успеаја седум пати да ја затресат противничката мрежа.
Емилијана Ризоска со осум гола беше предводник на домашниот тим, а по седум погодоци постигнаа Ана Вранчиќ и Анѓела Губериниќ.
Во составот на Пелистер се истакна Еџе Сејадин со пет гола.
























