ЕХФ потврди: 10 федерации во трка по ЕП 2034 – еве кои се „ривалите“ на Македонија!

Ракометните федерации на Македонија, Словенија и Србија ја објавија својата кандидатура за организација на ЕП 2034 година во машка конкуренција, а по завршувањето на рокот за писма на интерес, ЕХФ ги потврди сите заинтересирани федерации.

За машкото ЕП 2034 покрај Македонија, Словенија и Србија, заинтересирани се уште седум национални федерации, иако не е прецизирано дали се работи за заеднички кандидатури.

Тоа се Австрија, Хрватска, Данска, Луксемург, Холандија, Шведска и Турција. Претходно Норвешка се повлече од заинтересираните. ЕП 2034 ќе се одржи од 10 до 29 јануари, додека женското ЕП 2034 е на програмата од 28 ноември од 17 декември.

Писма за интерес за организација на ЕП 2034 кај дамите испратиле федерациите на Данска, Фарски Острови, Луксембург, Холандија и Шведска.

Сите федерации имаат рок до 11 март 2027 да ја поднесат кандидатурата, а организацијата на ЕП 2034 ќе биде доделена на Конгресот на ЕХФ во септември 2027 година во Љубљана.