Натпреварувачката комисија во РФМ ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 3 коло во Супер машката лига.
Се очекува најинтересно да биде на дуелот меѓу Прилеп и Тиквеш в среда, кој е одложен поради европските настапи, а таму правдата ќе ја делат Божиновски и Начевски.
Карбеска и Илиева ќе го судат двобојот меѓу „витамините“ од Автокоманда и Еурофарм Пелистер, додека Металари и Николовски се делегирани на средбата меѓу Бутел Скопје и Охрид.
Браќата Георгиевски ќе ја судат пресметката меѓу шампионот Вардар и Младост Богданци, а за арбитражата на дуелот меѓу Струга и Еурофарм Пелистер ќе се погрижат Митревски и Тодоровски.
Супер лига, 3 коло:
19/09, 16:30, Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер 2 (Карбеска/Илиева)
19/09, 17:00, Бутел Скопје – Охрид (Металари/Николовски)
19/09, 18:00, Вардар – Младост Богданци (Георгиевски/Георгиевски)
19/09, 18:30, Струга – Еурофарм Пелистер (Митревски/Тодоровски)
19/09, 19:00, Алкалоид – Куманово (Илиевски/Илиевски)
23/09, 19:30, Прилеп – Тиквеш (Божиновски/Начевски)
























