Денеска ќе се одигра третиот натпревар од второто коло во Супер женската лига, во кој вицепрвакот Чаир ќе го пречека новиот суперлигаш Атлетик.
Чаирчанки загубија кај Ѓорче Петров во првата рунда, а имаат два порази од Бор и Наиса Ниш во Регионалната лига, па денеска ќе ја бркаат првата победа во новата сезона.
Атлетик исто така загуби во првата рунда, па и избраничките на Татјана Хмирова се во потрага по првите бодови.
Мечот меѓу Чаир и Атлетик се игра вечерва од 19:00 часот во салата „7 март“.
На европска сцена има еден меч од ЕХФ Европскиот Куп, додека од интернационалците денеска активен ќе биде Дејан Кукуловски кој со неговата Металопластика гостува кај Југовиќ во српскиот шампионат.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
16:00 ВОГОШЧА – СПОР ТОТО (ЕХФ КУП)
18:00 ЈУГОВИЌ – МЕТАЛОПЛАСТИКА (СРБИЈА)
19:30 ЧАИР – АТЛЕТИК (МАКЕДОНИЈА)

























