Салиу броеше до 11, Јехона успеа да се справи со Овче Поле

Тимот на Јехона имаше победнички старт на домашен терен во новата сезона од прволигашката конкуренција.

Составот од Гостивар славеше против Овче Поле со 26-22, иако гостите од Свети Николе пружија солиден отпор, особено во првиот дел кога беше 12-11 за домашните.

Овче Поле одржуваше негатива од минус еден или два гола, но во последните десетина минути Јехона ја презема контролата и не дозволи изненадување на свој терен.

Бекот Адис Салиу беше предводник на Јехона и успеа да постигне 11 погодоци во противничката мрежа, додека седум гола за победничкиот тим даде Мојсе Тасески.

Филип Петровси со осум погодоци беше најдобар стрелец во составот на Овче Поле.