Текстилец со цел плен се враќа од Ресен

Екипата на Текстилец славеше на гостувањето кај Преспа во Ресен со 35-32 во првото коло од новата прволигашка сезона.

По 11 израмнувања на резултатот во првото полувреме до 25 минута, домашните беа тие што поведоа со два гола, 13-11, но до паузата штипјани направија пресврт и заминаа на одмор со 16-14.

На стартот на вториот дел избраниците на Бобан Попов отидоа и на плус шест, па го решија прашањето на победникот, иако домашните се вратија на негатива од два гола, но немаа сили за нешто повеќе на овој меч.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Филип Џинес со осум и Илија Табаков со шест гола, а кај Преспа по осум погодоци реализираа Наум Бумбаровски и Христијан Ристевски.