Узунчев без грешка – но Целје со болен пораз од Тримо Требње!

Словенечкиот првак Целје, за кој настапува македонскиот интернационалец Димитар Узунчев, доживеа болен пораз на домашен терен.

Во третата рунда од словенечкиот шампионат, Целје загуби дома од Тримо Требње со 39-31 и покрај одличната партија на триото Анжиќ, Миличевиќ и Узунчев.

Македонскиот десен бек успеа да постигне четири гола од четири обиди во противничката мрежа.

Целје сега се врти кон Лигата на шампионите и натпреварот на домашен терен против данскиот Алборг.