Своевремено бранеше за Металург, сега потпиша за црногорскиот шампион

Црногорскиот шампион Ловќен продолжува со засилувањето на ростерот, а најново име во составот од Цетиње е српскиот голман Предраг Мијатовиќ.

Станува збор за 24-годишен чувар на мрежата, висок 194 сантиметри, кој своевремено дојде како голем талент во Металург.

Новиот чувар на мрежата на Ловќен во последните две сезони го бранеше голот на Динамо Панчево, а претходно освен за Металург, настапуваше за Партизан и францускиот Екс Ан Прованс.

Беше репрезентативец на Србија во младинските категории, а сега ќе го брани голот на Ловќен, кој е ривал на Еурофарм Пелистер во Регионалната лига.

Ловќен претходно го ангажираше и десниот бек Мохамед Ал Азари, кој минатата сезона играше за Тиквеш.