Младеновиќ меѓу најдобрите – Кретеј со триумф против Маси

Тимот на Кретеј, каде што игра македонскиот интернационалец Михајло Младеновиќ, славеше во второто коло од Втората лига на Франција.

На домашен терен, Кретеј беше подобар од составот на Маси Ансон со 35-33, иако на паузата беше нерешено, 19-19.

Младеновиќ беше меѓу најдобрите во победничкиот состав и постигна четири гола од пет обиди во противничката мрежа.

Следен предизвик за Младеновиќ и Кретеј ќе биде гостинскиот натпревар против екипата на Фронтињан.