Екипата на Чаир денеска го има вториот предизвик во Регионалната лига и ќе ја пречека екипата на Наиса Ниш.
По поразот од српскиот Бор во првата рунда, избраничките на Басри Љатифи се во потрага по првите бодови.
Наиса Ниш има победа над Ѓорче Петров од првото коло, а потоа забележа триумф и против Старс Лавици од Црна Гора.
Чаир за разлика од дерби дуелот со Ѓорче Петров, сега ќе смета на сиот расположив кадар, па сигурно може да се надеваат на целиот плен на мечот што стартува од 19:00 часот.
Покрај мечот на Чаир, денеска активни во домашните првенства ќе бидат Сара Ристовска со Рапид Букурешт, Михајло Младеновиќ со Кретеј, Филип Чурлевски со ГРИФК…
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
19:00 ЧАИР – НАИСА НИШ (РЕГИОНАЛНА ЛИГА)
16:00 РАПИД БУКУРЕШТ – ЈАШИ (РОМАНИЈА)
18:00 ХИФК – ГРИФК (ФИНСКА)
20:30 КРЕТЕЈ – МАСИ АНСОН (ФРАНЦИЈА)
























