Селекторот на хрватската женска репрезентација, Ивица Обрван, го објави списокот на ракометарки за настапот на „Трофеј Македонија“.
На списокот се наоѓаат 21 ракометарка, а Хрватска ќе се собере на 21 септември во Бузин. Два дена подоцна, хрватската експедиција ќе дојде во Македонија, каде ќе настапи на турнирот во Охрид заедно со нашата селекција, Србија и Црна Гора.
Во однос на последните репрезентативни акции, нови имиња се Антеа Јерковиќ од Далматинка и Сара Саблиќ од романскиот Минаур Баја Маре. Во составот се враќа и пивотот Миа Бркиќ, по долгата пауза поради повреда и рехабилитација.
Тука се голманките Бешен и Капитановиќ, искусните Јежиќ и Милосављевиќ, потоа Шенвалд и Пркачин…па Хрватска сигурно ќе биде фаворит за трофејот во Охрид. Обрван повика 10 ракометарки од неговиот тим Подравка, има уште пет од домашното првенство – три од Локомотива Загреб и по една од Далматинка и Зрински, како и шест интернационалки.
Турнирот во Охрид ќе биде важна проверка за сите четири селекции пред завршните подготовки за Европското првенство, кое ќе се одржи од 3 до 20 декември во пет земји.
Хрватска на ЕП ќе настапува во групата Д, заедно со Холандија, Чешка и Австрија, а натпреварите ќе ги игра во Брно.
СПИСОК НА ХРВАТСКА:
Луција Бешен – Подравка
Петра Мариновиќ – Подравка
Ивана Капитановиќ – Баја Маре (Романија)
Андреа Шимара – Подравка
Катја Вуковиќ – Подравка
Лара Буриќ – Дунајска Стреда (Словачка)
Кала Косовац – Подравка
Миа Бркиќ – Подравка
Сара Шенвалд – Подравка
Катарина Јежиќ – Дунареа Браила (Романија)
Тина Баришиќ – Подравка
Ива Буле – Локомотива Загреб
Сара Саблиќ – Баја Маре (Романија)
Тена Петика – Зрински
Кристина Пркачин – Локомотива Загреб
Дејана Милосављевиќ – Подравка
Ива Зрилиќ – Локомотива Загреб
Антеа Јерковиќ – Далматинка
Клара Биртиќ – Подравка
Хана Вуљак – Будуќност (Црна Гора)
Катарина Павловиќ – Алба Фехервар (Унгарија)

























