Еден од најдобрите ракометари во историјата, Никола Карабатиќ, трета година ужива во играчката пензија, откако во 2024 година стави крај на својата неверојатна кариера со настапите за Франција на Олимписките игри во Париз.
Човекот кој освои практично сè што можеше да се освои во ракометот, денес е посветен на семејството, а често може да се види и како гостин на различни спортски настани, како и во ложата на ПСЖ.
Иако неговото огромно ракометно знаење логично наметнува можност еден ден да седне на тренерската клупа, Карабатиќ засега не размислува во таа насока.
„Тренерската работа моментално не ми е во план“, изјави 42-годишниот Карабатиќ за „Л’Екип“.
Карабатиќ во текот на кариерата освои три титули во Лигата на шампионите, четири светски и три европски титули со Франција, како и два олимписки златни медали.
Во која улога и кога повторно ќе го видиме легендарниот Карабатиќ во ракометот, останува да покаже времето.
























