Грузија во последните години направи сериозен напредок и веќе двапати обезбеди настап на Европско првенство.
Но, Реваз Чантурија смета дека во таа приказна има и значаен македонски дел.
Со години голем број грузиски ракометари доаѓаа во Македонија, тука добиваа можност за развој, а потоа продолжуваа кон посилни европски лиги.
„Јас постојано го зборувам тоа – Македонија има голема заслуга што грузиската репрезентација денес е на ова ниво. Многу грузиски играчи низ годините доаѓаа во Македонија. Тука добиваа шанса, играа сериозен ракомет, се развиваа, а потоа одеа и понатаму.“
Денес ситуацијата е полесна. Грузиските репрезентативци веќе се препознатливи на европскиот пазар, а клубовите од Германија и Франција самите ги следат.
Но, Чантурија не заборава како почнал тој пат.
„Порано многу почесто патот на Грузиецот кон Европа одеше преку Македонија. Сега е полесно. Но, јас лично никогаш нема да заборавам каква улога одигра Македонија.“
И неговата порака е директна:
„Можеби некој не сака да го признае тоа, но јас го кажувам јасно – без Македонија, според мене, немаше ни грузискиот ракомет толку лесно да стигне до ова ниво.“
Целото интервју со Реваз Чантурија можете да го прочитате на следниот линк:
ИНТЕРВЈУ Реваз Чантурија: Дојдов со торба за една недела, а останав 22 години во Македонија
❗❗ Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и на Instagram и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон…
























