Ракометарките на Црвена Звезда продолжуваат со доминацијата на српската сцена. „Црвено-белите“ го освоија трофејот во Супер Купот на Србија, откако на гостински терен убедливо го совладаа Бор со 29:20 (13:4).
На трофејот се израдуваа и двете Македонки – десниот бек Елена Ѓорѓиевска и голманката Јована Мицевска Митев.
Избраничките на Шандор Рац одиграа речиси перфектно прво полувреме и уште по 30 минути практично го решија прашањето околу победникот. Црвена Звезда во првиот дел постигна 13 гола, а прими само четири, па на паузата имаше огромна предност од девет гола.
Супер Купот е одлична најава дека „црвено-белите“ и во новата сезона ќе немаат многу конкуренција на домашната сцена.

























