Македонскиот шампион Вардар само 48 часа по освојувањето на Супер Куп трофејот, го очекува нов натпревар.
Денеска стартува новата сезона во Супер машката лига, а „црвено-црните“ ракометари на домашен терен ќе ја започнат одбраната на титулата.
Момците на Иван Чупиќ ќе го пречекаат тимот на Еурофарм Пелистер 2, кој почнува нова ера со Бранко Ангеловски на клупата.
Битолчани донесоа неколку одлични ракометари, го комплетираа ростерот, но и го засилија стручниот штаб, па сигурно ќе сакаат да се покажат и докажат против шампионот во Скопје.
Натпреварот се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 18:00 часот.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:00 ВАРДАР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 (МАКЕДОНИЈА)

























