ЕХФ не „смета“ на Вардар за ТОП 12 во Лигата на шампионите

ЕХФ го објави традиционалниот предсезонски „Power Ranking“ на десетте екипи од кои се очекува најмногу во новата сезона од Лигата на шампионите, која започнува следната недела

На листата нема место за македонскиот шампион Вардар, што и не е големо изненадување ако се има предвид дека „црвено-црните“ по неколку сезони пауза повторно се враќаат во европската елита.

Вардарци се во група со германскиот Мелсунген, полската Висла Плоцк и францускиот Нант, па ќе биде многу тешко да се обезбеди главна рунда од првите две позиции, но македонскиот првак многупати и дома, но и во Европа покажал и докажал дека најдобро игра кога му доделуваат аутсајдерска улога.

На врвот на рангирањето е актуелниот европски шампион Барселона, пред Магдебург. Трет е Веспрем, додека Алборг се наоѓа на четвртото место. Германскиот Фуксе Берлин, кој во своите редови го има еден од најдобрите светски ракометари Матијас Гидсел е дури петтопласиран.

Во ТОП 10 се најдоа и полскиот Келце, францускиот ПСЖ, португалскиот Спортинг Лисабон, унгарскиот ПИК Сегед и еден од ривалите на Вардар – Висла Плоцк.

Вардар во минатото кога беше на европскиот врв никогаш не беше рангиран меѓу ТОП екипите, но македонскио клуб двапати се искачи на европскиот трон и сигурно нема лесно да се откаже од своите амбиции ниту при ова камбекот во елитното натпреварување.

Македонскиот шампион ја отвора новата сезона во ЛШ на 10 септември со натпревар кај Мелсунген од 20:45 часот.