Тимот на Сур Арау каде што игра македонскиот интернационалец Мартин Поповски, ја запиша првата победа во швајцарскиот шампионат.
Во второто коло, Сур Арау предводен од Поповски славеше на домашен терен против составот на Сент Гален со 32-31.
Стрелец на победничкиот гол беше токму Поповски на почетокот на последната минута од мечот, а гостите не успеа да реализираат за реми.
Поповски беше втор стрелец во Сур Арау и успеа да постигне седум погодоци од исто толку обиди во противничката мрежа.
























