Новиот суперлигаш Младост Богданци би можел да биде посилен за српски интернационалец на левата и средна бековска позиција.
Станува збор за Жељко Пеиќ Тукуљац, кој веќе настапи на пријателскиот натпревар против тимот на Куманово минатиот викенд.
Пеиќ има 27 години, потекнува од Спартак Суботица, каде играше до 2020 година, а потоа по една сезона мина во српските Мачва, Прибој, Топличанин и Југовиќ Каќ.
Во 2024 се пресели во босанскиот тим Вишеград, а во сезоната 2025/26 настапуваше за грчкиот Зафиракис.
Дали ги задоволил вкусовите на раководството и на стручниот штаб на Младост Богданци, и дали ќе остане во клубот, ќе биде познато оваа недела.
Младост Богданци оваа недела гостува кај Бутел Скопоје во првото коло од Супер машката лига.

























