Црна Гора најде селектор!

Најуспешниот селектор во историјата на црногорската машка ракометна репрезентација Зоран Рогановиќ повторно ќе биде на чело на „лавовите“.

Управниот одбор на Ракометниот сојуз на Црна Гора донесе одлука Рогановиќ да биде именуван за нов селектор, додека Васко Шеваљевиќ ќе биде задолжен за работата и координацијата на машките младински репрезентации.

Рогановиќ се враќа на селекторската функција по пауза од јануари 2023 година. Во својот прв мандат, од 2018 до 2023 година, ја предводеше Црна Гора на три големи натпреварувања, а најголемиот успех го оствари на ЕП 2022, кога црногорската репрезентација го освои 11. место.

Вториот мандат ќе го започне на 5 ноември, кога Црна Гора гостува кај Унгарија 🇭🇺 во првото коло од квалификациите за ЕП 2028. Во квалификациската група 4 се уште Фарски Острови и Косово.

По заминувањето на Рогановиќ, Црна Гора ја предводеа Владо Шола и Дидие Динар, но ниту едниот, ниту другиот немаа успешни резултати.