Ракометната федерација на Македонија доби организација на уште едено натпреварување во младинските категории.
По довербата од ИХФ за организација на младинскиот Мундијал во 2027 година, РФМ ја доби организацијата на Медитеранскиот шампионат за кадети (играчи родени 2010 и помлади).
Медитеранското првенство ќе се одржи од 18 до 25 април наредната година, додека она кај дамите ќе се игра во Тунис од 7 до 14 март 2027 година.
Во 2028 година, Македонија ќе биде домаќин на кадетското ЕП.

























