Вардар не патува во Панчево – одложен мечот со Динамо поради повреди и вирус

Натпреварот меѓу Динамо Панчево и РК Вардар, кој требаше да се одигра во среда во рамките на второто коло од Регионалната лига, е одложен. Македонскиот шампион побара промена на терминот поради проблемите со повреди и вирус што зафати дел од екипата.

Вардар нема да патува во Панчево на натпреварот против Динамо, кој според првичниот календар на Регионалната лига требаше да се одигра на 26 август од 18 ч. часот.

Од клубот информираа дека нивното барање за одложување е прифатено, а причината се проблемите со кои се соочува тимот во овој период.

„Ова барање следи по низата повреди и вирус кој го погоди нашиот тим, а поради што сме оневозможени да гостуваме во Панчево“, соопштија од РК Вардар.

Од клубот изразија благодарност до Динамо Панчево и до раководството на новоформираната Регионална лига за разбирањето и позитивниот одговор на барањето за одложување.

Нов термин за одигрување на натпреварот засега не е објавен. Вардар веќе го одигра првиот натпревар во новото регионално натпреварување. Во Охрид, во периодот кога екипите престојуваа на турнирот „Крсте Андоновски“, црвено-црните ја совладаа Војводина со 36-30.

Според распоредот, Вардар е дел од групата Б заедно со Охрид, Војводина, Динамо Панчево и Будва.

 

_________________________________________________________________________________________
▶▶▶  Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите вести.
_____________________________________________________________________________________________________