Македонските судии делегати веќе ги започнаа своите активности за претстојната сезона. По трите домашни турнири, тие веќе се делегирани на натпреварите од Регионалната лига.
Виктор Начевски и Даниело Божиновски ќе ја судат средбата во Автокоманда меѓу тимот на Кирил Лазаров и Ловќен Цетиње што ќе се игра на 28 август од 19:00 часот, а делегат ќе биде Ацо Николовски.
Истиот ден од 18:00 часот ќе играат Динамо Панчево и Охрид, а тој меч ќе го судат Исмаил Металари и Ненад Николовски, додека делегат е Марјан Начевски. Истото трио ќе биде на мечот меѓу Еурофарм Пелистер и Дубочица Лесковац на 31 август од 18:00 часот во салата „Боро Чурлевски“.
Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, заедно со Ацо Николовски, беа официјални лица на мечот меѓу Охрид и Војводина, а Исмаил Металари и Ненад Николовски заедно со Бобан Мајнов беа официјални лица на мечот меѓу Ловќен и Дубочица Лесковац. На дуелот меѓу Вардар и Војводина судеа Михајло и Методија Илиевски, а делегат беше Бобан Мајнов.
_________________________________________________________________________________________
▶▶▶ Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите вести.
_____________________________________________________________________________________________________
























