Црногорскиот претставник Будванска Ривиера го совлада Динамо Панчево со 32:31, по вистински ракометен трилер во кој ниту една екипа не успеваше да направи посериозна разлика, а победникот беше решен во последните секунди.
Херој на големата победа на Будва во Регионалната лига беше Никола Ивановиќ, кој ги постигна последните два гола – најпрво за израмнување на 31:31, а потоа и погодокот вреден победа.
Ивановиќ и Дакиќ беа најефикасни кај победничкиот состав со по осум гола. Иваниќ и Кордоба постигнаа по четири гола, додека Зекиќ забележа 11 одбрани.
Кај Динамо Панчево, најефикасни беа Чабрило и Петриќ со по шест погодоци, додека Фејеш постигна пет.

























