Вечерва од 20:15 часот во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе се одигра финалето на турнирот „Крсте Андоновски“, кое ќе биде реприза на она од пред седум дена на Струшкиот турнир.
Вардар и Охрид одново ќе бијат битка за победнички пехар, овојпат од другата страна на Охридското Езеро.
Двете екипи без пораз стигнаа до финалето, но составите во мечот за пехарот ќе бидат ослабени без некои од играчите што играа на досегашните средби.
Турнирот „Крсте Андоновски“ одново ќе добие македонски победник, петти пат, а една од двете екипи Вардар (2024) или Охрид (2025), ќе го додаде вториот трофеј во колекцијата.
Претходно од 18:00 часот за третото место ќе играат екипите на Загреб и Тримо Требње во битка за бронза.
Распоред на натпревари:
10:30 Египет У20 – Олимпијакос
12:30 Војводина – Нексе Нашице
18:00 Загреб – Тримо Требње
20:15 Охрид – Вардар
























