Во финалето на турнирот „Крсте Андоновски“ ќе играат екипите на домаќинот Охрид и македонскиот шампион Вардар.
Тоа значи дека одново ќе има македонски победник и ќе продолжи традицијата што стартуваше во 2022 година.
Првиот победник на овој турнир беше екипата на Тиквеш, во 2023 година трофејот го освои Еурофарм Пелистер, победник во 2024 беше Вардар, а лани славеше Охрид.
Четири трофеи освоија четири различни екипи, а утре од 20:15 часот Вардар и Охрид ќе ги вкрстат копјата во битката за втор трофеј на турнирот „Крсте Андоновски“.
Претходно од 18:00 часот за третото место ќе играат Загреб и Тримо Требње.
























