„Охриѓанецот“ Моралес дебитираше за Висла Плоцк

Шпанскиот ракометар Ориол Реј Моралес, кој минатата сезона играше за Охрид, ги одигра првите натпревари за полскиот вицепрвак Висла Плоцк.

Висла Плоцк го освои домашниот турнир на кој играа Нексе, Холстебро и Бешикташ. Во полуфиналето Висла славеше против Холстебро со 34-26.

Во мечот за пехарот на турнирот, домаќинот го победи хрватскиот вицепрак со убедливи 37-23.

Моралес на овој натпревар беше меѓу најдобрите ракометари и успеа да погоди три пати во противничката мрежа, но и да ја одработи својата задача во одбраната.

Шпанецот беше избран за најдобар дефанзивец во Ол-стар тимот на 24Ракомет во македонската Супер лига за минатата сезона.