Илинден го промовираше голманот Симјановски

Новиот прволигаш Илинден, кој од оваа сезона ќе се натпреварува за првпат во сениорска конкуренција, го промовираше првото засилување.

Станува збор за голманот Наум Симјановски, кој по настапите за Бутел Скопје и Драчево Јуниор, се враќа во Илинден.

Симјановски беше МВП на кадетскиот завршен турнир во 2022 година кога го бранеше голот на Бутел Скопје и соработуваше со Дарко Јанев, актуелниот тренер на Илинден.

Јанев беше промовиран за нов предводник на Илинден, а негов асистент ќе биде Дејан Пецаковски.

Илинден беше формиран од неколкумина поранешни и актуелни репрезентативци на Македонија – Пешевски, Савревски, Танкоски и Георгиевски.

_________________________________________________________________________________________
▶▶▶  Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите вести.
_____________________________________________________________________________________________________
 

ЕКСКЛУЗИВНО: Македонски репрезентативци формираа свој клуб!