„Одличен пет“ за Горига на дебито за ПИК Сегед

Украинецот со македонски пасош, Дмитро Горига, го одигра првиот пријателски натпревар за ПИК Сегед.

Унгарскиот вицепрвак играше на домашен терен и загуби од Нант со 35-34, а левиот бек беше меѓу најдобрите на теренот.

Горига успеа да постигне пет погодоци, исто колку и Лукач, а најдобар стрелец беше Фримел со осум гола.

Следниот пријателски натпревар пред стартот на новата сезона, ПИК Сегед ќе го одигра на 11 август против шведскиот Савехоф.