Петмина Македонци учеа од Виран Морос и Љубомир Врањеш

Петмина македонски ракометари што настапуваат на Европското првенство за кадети во Србија имаа уникатна можност.

Бобан Поповски, Ѓорѓи Николовски, Горазд Дамчевски, Јован Симоновски и Трајче Костов беа дел од настанот на ЕХФ – „Почитувај го својот талент“ заедно со другите кадети од Европа кои беа меѓу најдобрите на континенталното првенство.

Тие имаа можност да работат во неколку тима со познати имиња од светскиот ракомет – Виран Морос и Љубомир Врањеш.

Учеа за многу работи надвор од теренот – исхрана на врвните спортисти, однесување со медиумите, патот до врвот…

Македонија ќе разигрува за пласман од 9 до 16 место на ЕП во Србија, а следен ривал на избраниците на Горан Кузманоски ќе им бидат Фарски Острови утре на пладне.