Францускиот шампион ПСЖ со две победи ја заврши турнејата во Јапонија, совладувајќи го домашниот Зикстар Токио со 41:31 во првиот од двата пријателски натпревари, додека во вториот меч славеше против младинската селекција на Јапонија со 37-29.
Најефикасен во победничкиот состав на првата средба беше летното засилување Бјарки Мар Елисон, кој постигна осум погодоци и веднаш покажа дека ќе биде големо засилување за „светците“.
Покрај убедливата победа, натпреварот против Зикстар Токио ќе остане запаметен и по историскиот рекорд на јапонскиот ракомет.
На трибините имаше 11.371 гледач, што претставува најголема посетеност на еден ракометен натпревар во историјата на Јапонија.
























