Германскиот гигант Фленсбург официјално потврди дека португалските репрезентативци Мартим и Кико Кошта од летото 2027 година ќе станат нови членови на клубот. Двајцата браќа потпишаа долгорочни договори кои ќе важат најмалку до 2032 година.
Во Фленсбург не ја кријат возбудата поради ангажманот на двајцата ракометари, кои веќе се етаблирани како едни од најдобрите млади играчи во европскиот ракомет.
„Ангажманот на Мартим и Кико е нешто навистина посебно за нас. И покрај нивната млада возраст, тие веќе покажаа исклучителен квалитет. Тие носат динамика, креативност и голема амбиција. Во разговорите веднаш почувствувавме дека и човечки совршено се вклопуваат во нашата средина. Среќни сме што заедно го избраа Фленсбург и убедени сме дека ќе ја збогатат нашата екипа и на теренот и надвор од него“, изјави генералниот директор на клубот, Холгер Гландорф.
Со големи очекувања на новите засилувања гледа и тренерот Алеш Пајовиќ.
„Мартим и Кико се меѓу највозбудливите играчи на својата генерација. Поседуваат огромен квалитет, ракометна интелигенција и страст, а и покрај младоста веќе имаат значајно меѓународно искуство. Воедно се скромни и гладни за успеси – особини кои совршено се вклопуваат во филозофијата на нашиот клуб“, истакна Пајовиќ.
Браќата Кошта потекнуваaт од Карваљос, а четири години го носеа дресот на Порто до 2021, кога заедно со нивниот татко во пакет се преселија во Спортинг Лисабон.

























