Шок за Раул и Партизан – едно од најзвучните засилувања на подолга пауза!

Српскиот шампион Партизан ќе биде без едно од своите најголеми засилувања на почетокот од новата сезона, откако левиот бек Милош Кос заработи повреда за време на подготвителниот период.

Според информациите од клубот, Кос се здобил со скршеница на третата метакарпална коска на десната рака, поради што ќе мора да паузира меѓу шест и осум недели.

Ова е нов малер за 23-годишниот ракометар, кој и во изминатите сезони имаше сериозни проблеми со повредите. Минатата сезона одигра мал број натпревари за германски Ерланген, бидејќи седум месеци беше надвор од терените, а поради проблеми со зглобот го пропушти и Европското првенство.

Повредата на Кос претставува сериозен удар за Партизан, каде што тој требаше да биде еден од главните адути на бековската линија во новата сезона.