Романскиот тренер Џорџе Бурича повторно е во центарот на вниманието по случајот со антидопинг правилата. Националната антидопинг агенција на Романија предлага четиригодишна дисквалификација за тренерот на Темишвар
Романскиот ракомет се соочува со нова голема тема надвор од теренот. Националната антидопинг агенција на Романија, предлага четиригодишна дисквалификација за Георге Буричеа, тренерот на Темишвар и селектор на машката репрезентација на Романија.
Случајот не е нов, но сега добива многу посериозна димензија. Буричeа претходно беше привремено суспендиран од антидопинг агенцијата поради можно прекршување на процедурите за време на собир на романската репрезентација.
Според медиумите инцидентот се случил на крајот од декември 2025 година во Букурешт, кога на еден ракометар му се слошило на тренинг, по што била повикана брза помош. Според тогашните информации, на спортистот му била дадена интравенска инфузија поголема од 100 милилитри, што е процедура ограничена со антидопинг правилата ако не се врши во болнички услови.
Романските медиуми претходно објавија дека Буричеа од 29 април 2026 година е привремено суспендиран од спортска активност, а случајот бил поврзан со пријава од Медицинската комисија на Романската ракометна федерација до АНАД.
Од Темишвар тогаш објаснија дека не станува збор за класичен допинг со забранета супстанца, туку за прекршување на процедура. Клубот го суспендираше договорот со тренерот додека трае постапката, а беше наведено дека Буричеа нема право да биде дел од тренинзи и официјални натпревари.
Сега, со предлогот за четиригодишна дисквалификација, случајот станува многу потежок за романскиот стратег. Доколку таквата казна биде потврдена, тоа би значело долг период надвор од ракометот за тренер кој во последните години беше едно од најпрепознатливите имиња во романскиот машки ракомет.
Буричеа ја презеде романската репрезентација по ЕП 2024, кога на селекторската функција го наследи Чави Пасквал. Во тој период беше тренер на Констанца, а подоцна работеше и во Темишвар.
▶▶▶ Приклучи се на VIBER – https://abit.ly/viber-24rakomet
Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ на твојот мобилен телефон 📲.
Со еден клик до сите вести. 🤾


























