Вардар Неготино тргнува амбициозно – носи искусен суперлигашки играч!

Поранешниот суперлигаш Вардар Неготино, активно работи на ростерот со кој ќе тргне во новата сезона во прволигашката конкуренција.

Неготинци го добија првото засилување – искусното десно крило од Велес, Мартин Димов, дознава 24Ракомет.

Тој ги имаше почетоците во Вардар Јуниор каде играше долго време, потоа беше дел од Бутел Скопје, па од Пролет.

Се врати во родниот град, каде го носеше една сезона дресот на Борец ФЛ, а минатата сезона ја мина во составот на Радовиш.

Неготинци минатата сезона ја почнаа со големи амбиции, но неколку неочекувани киксови, беа доволни за тимот да не ја оствари целта и на крајот заврши на петтото место на табелата.