Бенфика со скандинавски шмек – засилувања од Шведска, Норвешка, Исланд…

По ангажманот на шведскиот стратег Андерс Халберг, португалската Бенфика го промени повеќе од половина состав за претстојната сезона.

Заминаа Ел Корчи (Бешикташ), Табоада (Сондерјиске), Калваканти (Шамбери), Валенсија (Ерланген), Да Роса (Торелавега), Капдевил (Холстебро), Мигаљон (Партизан)…а на нивно место веќе се ангажирани нови играчи.

Во преден план беа засилувањата од Скандинавија. Од ПИК Сегед на позајмица доаѓа шведскиот голман Тобијас Тулин, а потпиша и левиот бек Вилијам Богојевиќ од германскиот Лајпциг.

Дојде и исландскиот голман Бреки Арнарсон од Фрам Рејкјавик, но и левото крило Синдре Хелдал од францускиот ПСЖ, како и португалскиот десен бек од Скјерн, Жоаким Назаре…