ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Словенец во АЕК, ЧСМ Букурешт донесе голманка, двајца Руси од ЦСКА во Зенит

  • Најпознатата грчка ракометарка, Ламприни Цакалу, во новата сезона ќе ги брани боите на ПАОК од Солун. Некогашната членка на Турингер, Крим, Подравка…минатата сезона играше за Јонијас.
  • Грчкиот вицепрвак АЕК Атина се враќа во Европа и одново прави респектибилен тим. Најново засилување е средниот бек од Словенија, Јан Ковачец, кој доаѓа од австрискиот Вослауер, а претходно играше за Добова, Марибор и Слован.
  • Екс левиот бек на Струга, Вукашин Ракочија, наредната сезона ќе игра за новиот српски суперлигаш Лавови од Бачка Паланка. Ракочија покрај за Струга, во кариерата играше за шпанскиот Гранољерс, грчкиот Олимпијакос, Војводина.
  • Двајцата руски репрезентативци левиот бек Илија Белавцов и пикерот Роман Царапкин преминаа од шампионот ЦСКА Москва во големиот ривал од домашното првенство – Зенит од Санкт Петербург.
  • Романскиот вицепрвак ЧСМ Букурешт ја ангажираше голманката Кетрин Габриел од францускиот Мец. 32-годишната Французинка почна во Безансон, бранеше за Париз и Нант, како и за унгарскиот Дебрецин.