Откако се познати 16 европски селекции што ќе настапат на младинскиот Мундијал во Македонија, веќе се дефинирани и учесниците од Азија.
На младинското Азиско првенство, познати се четирите полуфиналисти и стана јасно кои репрезентации ќе ги гледаме следното лето во Скопје.
Саудиска Арабија, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Кореја се пласираа на Мундијалот за младинци, откако ги елиминираа селекциите на Иран, Кина, Кувајт и Кинески Тајпеј.
Светското првенство во Македонија треба да се игра од 23 јуни до 4 јули наредната година. Веќе се пополнети 20 места, од Африка ќе дојдат уште четири, четири од Средна и Јужна Америка, две од Северна Америка и Кариби, а по едно место е резервирано за Океанија и за победникот на ИХФ трофејот.

























