Српскиот вицепрвак Војводина минува низ фаза на реконструкција на играчкиот кадар, намалување на буџетот, но и покрај тоа ќе има солиден тим, барем за балкански рамки.
Тимот од Нови Сад, по ангажманот на Милутин Лучиќ на кормилото на местото на Владан Матиќ, ги промовираше првите засилувања.
Ривалот на Вардар и Охрид во групата од регионалната лига, ги ангажираше левиот бек Данило Радовиќ и Ник Чировиќ, лев бек од Словенија.
Радовиќ се враќа на Балканот по настапите за германскиот Минден и паузата поради сериозна повреда, додека Чировиќ, дете на Целје, минатата сезона играше за Металопластика и беше меѓу најдобрите стрелци.
Од Војводина заминаа Салдаценка, Николиќ, Крсманчиќ, Еномото, Станков….
























