Хрватскиот вицешампион Нексе Нашице официјално ја продолжи соработката со тренерот Саша Баришиќ Јаман, кој ќе остане на клупата на клубот најмалку до 2028 година.
Новиот договор го потпишаа претседателот на клубот Јосип Ерговиќ и Баришиќ Јаман, со што беше потврдена довербата во младиот стратег и продолжувањето на успешната соработка.
Баришиќ Јаман ја презема првата екипа на Нексе во текот на минатата сезона, успеа да ја стабилизира и да оствари солидни резултати, по што раководството одлучи да му понуди долгорочен договор.
Со новиот двегодишен договор, Нексе испраќа јасна порака дека сака континуитет на клупата и дека токму Баришиќ Јаман ќе биде човекот кој ќе го предводи тимот во наредниот период.
Нексе ќе биде дел од меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид од 18 до 22 август.

























